Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
Мора да се соочиме со предизвиците на глобалните промени - Драгица Устапетрова Атанасова

Драгица Устапетрова Атанасова, проект менаџер во тимот за енергетика во Инфинити Енерџи и ИТСС и наш претставник на овогодинешниот форум за енергетика МЕФ ’21, по 20 години искуство во оваа област зборува за последните предизвици во употребата на обновливи извори на енергија и справувањето со глобалните климатски промени. 

1. Глобалните промени кои се случуваат во енергетиката, носат промени и на локално ниво. Како вие гледате на промените и како Infinity Energy & ITSS се носи со тие предизвици?

Секое време носи свои предизвици. Нашата генерација се трка со големите климатски промени, кадешто од една страна ја имаме зголемената потреба од електрична енергија, а од друга страна неопходноста за заштита на околината од којашто во голем дел зависи и опстанокот на човештвото. 

Речиси 60 проценти од резервите на нафта и гас и 90 проценти од јагленот мора да останат во земјата за да го одржат глобалното затоплување под 1,5 целзиусов степен. До 2050 година се очекува побарувачката на електрична енергија да биде 50% зголемена, а дотогаш 80% од енергијата би требало да се обезбеди од нефосилни извори. 

Перцепцијата за потребата од промени во начинот на размислување и делување е променета, но реалноста, за жал, сѐ уште не е. Овде одлучувачки фактори се властите и големите компании кои всушност се и носители на промените, секој во својот сегмент на делување. 

Но, не секоја компанија може да биде носител на промени, потребно е истовремено да се има визија, знаење и капацитет. За среќа, нашата групација Infinity ги поседува сите овие предуслови, од коишто исто така произлегува одговорноста тие да се искористат во целост. Затоа, нашата визија е да одговориме на современите предизвици со иновативни пристапи за подобрување на деловната и општествената заедница, визија на којашто секојдневно работат повеќе компании во различни сфери, но со ист ентузијазам и посветеност. 

Накратко, „Проинтер“, минатата и оваа година ги заокружи како лидер за ИТ во Босна и Херцеговина, „Калдера“, веќе долго време е лидер на регионалниот пазар на енергија со сопствено производство под лиценците „Сименс“,„АББ“ и „Шнајдер Електрик“ и со своето 30-годишно искуство и 150 вработени претставува показател за знаењето и високиот квалитет што го имаме во полето на енергетиката. „Infinity АДС“ е водечка компанија во областа на дигиталното архивирање, а во групацијата е и компанијата „ЕП Мобиле“, која има огромен потенцијал бидејќи се занимава со електромобилност. Во Република Српска веќе има воспоставена мрежа на полначи за електрични автомобили, нешто што во иднина ќе има голем просперитет. 

На македонскиот пазар тука е Infinity Energy & ITSS, компанија којашто работи со енергетика и со информатичка технологија - двата најголеми двигатели на економијата во денешното општество. Креираме дигитални модерни решенија кои во корелација со енергетските барања даваат нова динамика во работењето. За тоа имаме огромна поддршка од нашите партнери кои се глобални лидери во областа на информатиката и енергетиката, како и од нашата групација со целото акумулирано знаење и искуство. Оттаму, не е нескромно да кажам дека можеме да одговориме и на најделикатните барања од областа на енергетиката.

На ниво на групација имаме над 500 вработени распоредени во повеќе канцеларии во Босна и Херцеговина, Србија, Австрија, Македонија, Црна Гора, коишто работат на адаптирање на потребите и барањата на пазарот во сите области на делување. Веќе размислуваме и за креирање на Развојни Едукативни Центри во областа на енергетиката и информатиката. Од нив краткорочно би имале бенефит, но долгорочно би оставиле големо наследство, како на компанијата, така и на општеството. 

2. Како  Infinity Energy & ITSS како дел од Infinity групацијата се гледаат во делот на развој и поддршка на обновливите извори на енергија?

Светските трендови на развојот во енергетиката бараат поамбициозна транзиција кон нискојаглеродна економија, при што обновливите извори на енергија се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат таа т.н. блага транзиција (soft transition). Затоа, развојот и реализацијата на нови проекти засилено се насочуваат кон производство на електрична енергија, со цел зголемување на уделот на обновливи извори на енергијa. 

Бидејќи соларните и ветерните електрани се моментално најевтини производствени капацитети, се прогнозира дека до 2050 година 69% од производството на електрична енергија ќе доаѓа токму од нив.  Кога на тоа кога ќе се додаде и развојот на технологијата за нивно производство, развојот на технологијата за складирање на таа енергија (батериите), намалувањето на загубите, дигитализацијата во работењето и транспортот, како и енергетската ефикасност во сите делови на работењето, тогаш со сигурност може да се каже дека енергетиката ќе претрпи големи промени, а тука еден од главните носители ќе бидат обновливите извори на енергија. 

Следејќи ги сите овие трендови на ниво на групација наскоро ќе ја претставиме новата фабрика „Caldera Energy“, која ќе работи во делот на соларна енергија. Располагаме со експертски тимови кои работат во областа на сончевите електрани и кои во секој сегмент на работењето, почнувајќи од инфраструктура и проектирање па сѐ до делот на изведба и одржување, овозможуваат консултантско водење на проектите. Морам да напоменам дека се раководиме од претходно акумулираното знаење, ги следиме сите европски стандарди, пракси, но и домицилни законски норми и правилници за овој тип на работа. 

Тука е и континуираната грижа за животната средина и заштитата при работа во секој сегмент од работењето, а големиот број на овластени инженери кои работат во областа, секој со својата експертиза, само го потврдуваат квалитетот на финалниот производ. Кога на сето тоа ќе се додаде информатичката технологија, невозможното станува достапно и лесно остварливо.

3. Кои се Вашите препораки за клучни промени во енергетскиот сектор?

Промените на глобално ниво во енергетскиот сектор се започнати. Регионот може да биде дел од нив или да ги следи од страна. Една позитивна промена може да смени малку или да не смени ништо, повеќе луѓе може да направат видлива промена, а компаниите и властите може да направат промени по кои идните генерации ќе нѐ паметат. Свеста мора да се подигне, со предизвиците треба да се соочиме. Секој може да даде свој придонес кон промените. Животната средина не познава граници и држави, сите треба да работиме во правец на нејзино подобрување за да оставиме достојно место за живеење на идните генерации.

WE ARE HIRING SOFTWARE ENGINEERS
Патувањата се вистинска релаксација од работните обврски - Влатко Бојковски
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска