Infinity logotype

Novosti

Infinity News Page
Infinity News Page scroll
Single News Image
БЕЗБЕДНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ВО ХИБРИДНА МРЕЖА

Повеќето државни институции и приватни компании денес работат на хибридна мрежа. Според Gartner, неодамнешниот премин на работа на далечина има трајно влијание врз дигиталните мрежи. Тој вели дека до 2024 година, организациите ќе бидат принудени да креираат планови за трансформација на дигиталниот бизнис за најмалку пет години однапред, како план за преживување, за да се приспособат на пост-пандемското живеење кое вклучува повисоко усвојување на мерките за работа на далечина и дигиталните предизвици на комуникација.

Организациите кои применуваат вакви технологии често занемаруваат неколку аспекти, со што ги прават податоците уште поранливи:

Пребрзо донесување на одлука за премин на решение базирано на „cloud“. Некои организации размислуваат да го заменат нивното традиционално ниво на безбедност со пристапно сервисно (SASE) решение, без да ги разгледаат сите предности и недостатоци на ваквата одлука.

Игнорирање на важноста на локалниот дата центар. Од различни причини, многу компании едноставно не можат да ги префрлат критичните услуги од центарот за податоци во „cloud“.

Митот за најдобро решение од повеќе производители. Постои верување дека овој пристап обезбедува најдобра безбедност во работата. Наместо тоа, таквиот пристап обично доведува до дисперзија на платформите, што резултира со премногу сложена мрежа и изолирани безбедносни архитектури кои не можат ефикасно да споделуваат навремени информации за можни закани.

Недоволна примена на холистички пристап. Еволуирачките хибридни архитектури го прошируваат теренот за напади, намалувајќи ја видливоста и зголемувајќи ги ризиците. Она што го продлабочува проблемот е проценката дека обемот на шифрираниот сообраќај наскоро ќе достигне 95 отсто.

Ризик од безрезервна доверба во посточекото решение. Традиционалните класични мрежи се фокусираат на спречување на напади однадвор, но им даваат на напаѓачите многу голем опсег откако периметарот ќе биде пробиен. 

Затоа, пред донесување на конечни одлуки компаниите мора да ги разгледаат сите можности, со сите нивни предности и недостатоци, за да можат да изберат решение кое ќе биде најсоодветно на нивните потреби.
 

WE ARE HIRING SOFTWARE ENGINEERS
Патувањата се вистинска релаксација од работните обврски - Влатко Бојковски
Разновидноста на предизвиците ме стимулира да напредувам - Стефан Ристовски
Поддршката од колегите ми значи најмногу – Билјана Кокиновска
Сега сите можат да бидат хуманитарци – Мирјана Тепшиќ